Поразителен факт за Партизан: Ниеден српски кошаркар не постигна поен против Звезда
Од минатата натпреварувачка кампања остана само Копривица, а дојдоа Аријан Лакиќ, Алексеј Покушевски и Марио Накиќ. Сепак, ниеден од нив нема особено важна улога во екипата како што тоа лани беше Алекса Аврамовиќ или Ален Смаилагиќ.
Ова најдобро може да се потврди со синоќешното дерби на АБА лигата против Црвена Звезда. За разлика од противникот, кој со години има голем број српски репрезентативци во своите редови и тие се носители на играта, од четворицата домашни кошаркари во тимот на Партизан, ниеден не се запиша во листата на стрелци.
Накиќ и Лакиќ воопшто не влегоа во игра, додека Копривица и Покушевски вкупно добија 3 минути и 14 секунди и за тој период единствено Копривица упати еден шут. За споредба, српските кошаркари во тимот на Звезда вкупно постигна 42 поена, а притоа Филип Петрушев беше исклучен пред крајот на првото полувреме.