Јокиќ ги „олади“ Американците: Баш ми е гајле дали играме - ова не е мој Божиќ!
На прес-конференцијата по натпреварот, американски новинар го праша:
„Како се чувствувате што мора да играте на Божиќ веќе седма година по ред?“
Јокиќ одговори кратко и јасно:
„Не е мој Божиќ, така што не ми е гајле.“
Во отсуство на Џамал Мари, кој не настапи поради повреда, Расел Вестбрук мечот го почна како плејмејкер, додека Џејлен Пикет ја презеде улогата од клупата. Јокиќ го пофали младиот играч, кој оствари осум асистенции.
„Беше многу добар. Ја контролираше играта, беше смирен и го подигна нивото на игра. Тоа го правеше и во развојната лига, а среќен сум што тоа конечно го прави и во НБА“, изјави Јокиќ.
На конференцијата, Јокиќ се пошегува за динамиката на тимот, забележувајќи дека Денвер игра подобро во тешки околности.
„Изгледа сакаме да играме кога е тешко, не сакаме да ни биде лесно. Секој пат кога имаме неколку слободни денови, изгледа играме лошо. Можеби до крајот на сезоната треба да играме секој ден“, рече тој со насмевка.