Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ без легендарниот Полјак!

Полјакот Камил Штох, кој трипати победил на престижната новогодишна турнеја „Четири скокалници“, нема да учествува на годинашното издание на овој традиционален зимски спектакл.

Без разлика што имаше покана за турнејата благодарение на 57-те освоени бодови, со кои моменталното е на 28. место во генералниот пласман на Светскиот куп, тој самиот одлучи дека не е подготвен за натпреварување. Селекторот на полската репрезентација ја состави екипата без него. Штох е еден од само шесте натпреварувачи во историјата кои ја освоиле турнејата најмалку три пати. Во сезоната 2017/18, тој направи подвиг освојувајќи ги сите четири натпревари – Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен – достигнување што претходно го оствариле само Свен Ханавалд и Рјоју Кобајаши.

Полјакот со 39 победи и 80 подиуми во својата кариера дефинитивно е една од легендите на скијачките скокови.