РФМ го „потврди“: Грчевски останува селектор на женската репрезентација!
Одлуката е донесена врз основа на добрите резултати што репрезентацијата ги оствари во изминатиот период. Дамите, по долга пауза, успеаја преку квалификации да обезбедат пласман на континентален собир, на кој освоија бод на дуелот со Турција, покрај поразите од фаворитите Шведска и Турција. Извештајот на Грчевски беше оценет позитивно од членовите на УО на РФМ.
„Напредокот во нашата женска репрезентација е очигледен. Можеби не се одвива во темпо какво што сите посакуваме, но најважно е што се движиме во вистински правец. Честитки до стручниот штаб и селекторот, кои покажаа дека добро работат. Мојот предлог е тие да останат на чело на националниот тим до крајот на квалификациите за ЕП 2026 година,“ изјави Мукаетов, пред неговиот предлог беше едногласно прифатен.
Следен предивик за Грчевски и неговите ракометарки е баражот за пласман на СП 2025 во кој ќе ги одмериме силите со силната Полска, двомеч закажан за во април следната година.