ФФМ доби нов потпретседател и нов генерален секретар!

По Вонредното изборно генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на кој беа потврдени новите функционери.

На предлог на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ за нов потпретседател е избран Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп, тој доаѓа на местото на Лазар Ракиџиев кој досега ја извршуваше оваа функција.

За в.д. генерален секретар на ФФМ е назначен Дрилог Ганиу, тој доаѓа на местото на Наталиа Илиевска Божиновска.