Познато колку пари ќе поделат Фјури и Усик

Тајсон Фјури ќе се обиде да му се реваншира на Олександр Усик во бокс-мечот кој е закажан во Ријад, Саудиска Арабија, а пред битката беше објавена сумата која ќе им припадне.

Нивниот прв натпревар заврши со победа на Украинецот, по одлична борба во рингот, а сега постои поголем интерес за реваншот и тоа значи повеќе пари за боксерите.

Ривалите ќе поделат награда од 182 милиони евра, објави „Индепендент“. Тоа значи дека наградниот фонд е за 40 милиони евра поголем од нивната прва борба. Договорот тогаш беше Фјури да добие повеќе од 95 милиони евра, а остатокот му припадна на Усик.

Усик овој пат ќе добие поголем дел од „колачот“, но на Фјури поважно му е да ја врати почитта и загубените титули.