Ботас следната сезона се враќа во Мерцедес
Ботас се враќа во Мерцедес, со кој победи на 10 трки и имаше 20 пол-позиции, а му беше и тимски колега на Луис Хамилтон од 2017 до 2021 година.
За Мерцедес следната сезона ќе возат Џорџ Расел и 18-годишниот Италијанец Андреа Кими Антонели.
„Среќен сум што се враќам во семејството на Мерцедес како трет возач за 2025 година“, кажа Ботас.