Барса им поставила ултиматум на Араухо и Де Јонг!

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Барселона им дала ултиматум на Роналд Араухо и Френки де Јонг во врска со нивните договори.

Барса ги предупредила двајцата дека ако не потпишат нови договори ќе ги стави на трансфер листата.

На двајцата фудбалери договорите им истекуваат во јуни 2026 година, па ако не ги продолжат од следната сезона ќе влезат во последната година од договорите и ќе може да преговараат со други клубови.