Не е само Далиќ: И Роналдо ја бојкотираше ФИФА
За наградата на ФИФА гласаат капитените и селекторите на репрезентациите, а така како капитен на Португалија право на глас имаше и Кристијано Роналдо. Сепак,
Португалецот исто како и селекторот на Хрватска, Златко Далиќ не учествуваше во зиборот.
Сепак, Португалија имаше претставник помеѓу фудбалерите кои гласаа бидејќи својата должност Роналдо ја препушти на Бернардо Силва.
Роналдо во изминатите години беше разочаран од изборот на фудбалери кои се во конкуренција за наградата, па поради тоа и не гласа. Исто така Португалецот не учествуваше ниту во гласањето за „Златната топка“.
Во својата кариера, Роналдо наградата на ФИФА за најдобар ја освојуваше пет пети.