Бизарна ситуација во Холандија: На теренот две топки, а судијата го призна голот (ВИДЕО)

На натпреварот во холандската Ередивизија помеѓу екипите на Бреда и АЗ Алкмар (1-2) се случи невообичаен момент, кој предизвика бурни реакции, откако домашната екипа постигна гол од ептен спорна ситуација.

Во моментот на контранапад на Бреда, на теренот во шеснаесетникот на гостинската екипа се најдоа две топки, што предизвика конфузија кај одбраната на АЗ Алкмар. Во хаотичната ситуација, Елиас Мар Омурсон успеа да ја вметне топката во мрежата, а судијата го призна голот, и покрај протестите од играчите на гостинската екипа.

АЗ Алкмар го заврши натпреварот со пресврт и победа. Благодарение на погодоците на Трој Парот и Мес де Вит во финишот на натпреварот, успеаја да го прекинат заостатокот и да обезбедат триумф. Видеото од голот погледнете го ТУКА.