„Дончиќ е класичен Србин... упс, мислам Словенец, ама - тоа е едно исто!“ (ВИДЕО)

Американскиот кошаркар од таборот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, направи интересен лапсус за време на натпреварот против Далас, нарекувајќи го словенечкиот ас Лука Дончиќ - типичен Србин.

Изјавата предизвика внимание во медиумите, особено поради доминацијата на ѕвездата на „телињата“ во натпреварот. Дончиќ блесна со фантастични 45 поени, 11 скокови, 13 асистенции, три украдени топки и две блокади, носејќи му победа на својот тим против „воините“ од Оукленд (144-133). Со ваквите партии, Дончиќ и Никола Јокиќ продолжуваат да рушат рекорди во НБА и покрај тоа што не се познати по атлетска градба, но успеваат да доминираат благодарение на својот стил на игра.

Грин по натпреварот го опиша Дончиќ како „класичен Србин“, но потоа го исправи својот коментар:

„Многу зборуваше за време на мечот, секогаш е забавно да се игра против Лука. Тоа е типичен, класичен Србин... Мислам, не е Србин, тој е Словенец, но тоа е речиси исто. Имаат таа лежерност, зборуваат само повремено, но генерално се многу ладнокрвни. Така е кога ќе ви испржат задникот, но секогаш е забавно да се игра против него и против големи играчи. Сакаш да видиш што можеш да направиш за да го сопреш“, рече Грин.

Иако коментарот на Грин беше повеќе хумористичен, неговиот опис повторно ја истакна блискоста помеѓу Дончиќ и Јокиќ, кои се познати по тоа што се приватно добри пријатели. Тие двајца ја претставуваат новата ера на европски играчи кои доминираат во НБА, без оглед на стереотипите за атлетизмот што често се поврзуваат со американските играчи.