ФИФА испрати извинување до Украина за скандалот на ждребката

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска испрати извинување до Фудбалската федерација на Украина поради прикажувањето на мапата на оваа земја без Крим, територијата која ја окупираше Русија, во текот на ждребката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Од ФИФА во извинувањето истакнуваат дека ја разбираат чувствителната тема и испраќаат извинување, иако се било без никаква намера.

„Во целост ја разбираме чувствивтелноста на ова прашање и иако инцидентот беше ненамерен, испраќаме искрено извинување“, објави шефот на асоцијацијата членки на ФИФА, Елкхан Мамадов.

Украина беше една од 54. репрезентација вклучени во ждребката која се одржа во петокот во Цирих.