Бове за првпат се огласи: Се гледаме наскоро на терен!

Фудбалерот на Фиорентина Едуардо Бове се огласи првпат во јавноста по страшната сцена во натпреварот против Интер кога колабираше на теренот.

Пораката која ја испраќа Бове е охрабрувачка и најавува дека ќе продолжи со играњето фудбал.

Се шпекулираше дека 22-годишниот Бове би можел да ја заврши кариерата, меѓутоа како што стојат работите тоа нема да се случи.

„Тешките денови ми дадоа можност да размислам за многу работи. Страшната епизода од натпреварот со Интер покажа дека фудбалот е повеќе од еден натпревар, првенство или кариера. Фудбалот е заедница на многу луѓе со иста страст. Сфатив дека сите сме едно, без разлика на резултатот“, објави Бове.

Опкружувањето му помогнало на Бове да ја надмине ситуацијата на полесен начин.

„Од таа причина не би сакал да го свртам вниманието и да ја заборавиме суштината на спортот. Она што ми се случи сведочи за суштината на фудбалот. Истовремено сум благодарен што припаѓам на овој свет и од срце се заблагодарувам на сите на заедничката љубов. Добро сум тоа е најважно, се гледаме наскоро на терен“, гласи пораката на Бове.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edoardo Bove (@edo_bove)