Австриски фудбалер претепан во центарот на Виена!

Aвстрискиот фудбалер, Гвидо Бургшталер кој од летото 2022 година го носи дресот на Рапид Букурешт бил нападнат во австриската престолнина при што се здобил со скршеници по телото.

Медиумите во Австрија пренесуваат дека непознати напаѓачи го нападнале фудбалерот на една од виенските улици, а Бургшталер по падот ја удрил главата во бетон по што бил итно пренесен во болница каде што ќе биде задржан на испитувања во наредните неколку дена.

Нападот кон него се случило само два дена по поразот на неговиот тим на гости кај Омонија во рамките од Конференциската лига, но засега не е познато дали мотивот за нападот е од лична природа или има поврзаност со неговите послаби настапи.

Првичните најави по здобиените повреди се дека за него актуелната сезона е завршена и би можел да се врати во наредната.