Дефанзивец на Реал Мадрид ја исмеваше Барса по историскиот пораз на домашен терен!

Екипата на Барселона синоќа на домашен терен претрпе шокантен пораз од Леганес (0-1) во рамки на 17. коло од Ла Лига., со што пропушти одлична можност да го искористат ремито на Реал Мадрид против Рајо Ваљекано (3-3) и да ја зацврстат својата предност на врвот од табелата.

Поразот на Каталонците предизвика огромна радост кај стоперот на „кралевите“, Антонио Ридигер, кој беше снимен како, со широка насмевка, им го покажува резултатот од натпреварот на својот мобилен телефон на луѓето околу него, истакнувајќи ја победата на Леганес.

Барселона во следното коло ја очекува клучен дуел на „Монжуик“ против Атлетико Мадрид, кој е на исто бодовно рамниште со Каталонците, но има натпревар помалку. Во меѓувреме, Реал Мадрид ќе биде домаќин на Севиља, со само еден бод помалку од Барселона и Атлетико, но со натпревар помалку од двата тима.

Лошата форма на Барселона, која освои само пет бода од последните пет натпревари во Ла Лига, ги доведе во ситуација да ризикуваат пад на третото место, дополнително зголемувајќи го притисокот врз тимот на Ханси Флик.