„Рашфорд и Гарначо не се казнети – двајцата сами си се отпишаа од тимот!“
Причина што тие средбата ја гледаа од дома се нивните настапи на тренинзите.
„Една меч завршува, потоа почнува нова недела. Новата недела е нов живот. Ако тренираат добро, ќе се борат за место во тимот“, рече Португалецот, нагласувајќи дека Рашфорд и Гарначо се клучни играчи поради нивниот талент.
Предводникот на „ѓаволите“ истакна дека и двајцата можат да се вратат во составот веќе следната недела, доколку ги подобрат своите тренинзи:
„Следната недела можат да се вратат... ако тренираат добро како останатите. Тоа важи за сите. Ќе играат или ќе бидат на клупата. Не беше дисциплинска причина. Треба да ги подобриме нашите стандарди, и на теренот и надвор од него.“
На прашањето за критериумите за селекција, тој додаде.
„Не се работи за дисциплина, туку за настапите на тренинзите и на натпреварите. Јас треба да одлучам кои играчи ќе играат. Тоа е толку едноставно.“
Иако отсуството на двајцата напаѓачи предизвика шпекулации, тренерот ја смири ситуацијата, фокусирајќи се на зголемувањето на професионализмот и формата на тимот како целина.