Беса во еден ден се раздели со петмина фудбалери

Eкипата на македонскиот прволигаш Беса денеск потврди дека се разделува со дури петмин фудбалери.

Од денеска членови на Беса повеќе не се: Филип Алексовски, Малик Белули, Генц Гаши, Емир Скендери и Илирид Адеми. 

Според ситуацијата на табелата, Беса во вториот дел од сезоната ја очекува борба за задржување на прволигашкиот статус, а во текот на зимската пауза тимот ќе претрпе одредени промени.

Во овој момент Беса на десеттата позиција има 13 бода колку што има и Вардар. Тиквеш во безбедната зона има бод повеќе, додека последна е Воска Спорт со 12.