Милан со контроверзен гол во финишот ја победи Црвена звезда! (ВИДЕО)

Милан со погодок на Абрахам во 88. минута ја победи Црвена звезда со 2-1, српскиот тим може да жали поради тоа што беше сосема рамноправен противник.

Црвена звезда не заслужи да загуби на Сан Сиро, српскиот тим можеше да дојде и до победа, но на крај остана без бодови.

На три минути пред крајот од првиот дел Леао даде гол за водство на Милан од 1-0. Тоа беше резултатот на полувремето.

Во 67. минута Радоњиќ испрати бомба од далечина и го совлада Мењон за израмнување на 1-1.

Милан тешко создаваше шанси, се мачеше, но на крајот по една мешаница во шеснаесетникот на Црвена звезда, Абрахам најдобро се снајде и погоди за победа на росонерите од 2-1.

ВАР се прегледуваше за регуларноста на голот, се чинеше дека ќе биде досуден фаул за Црвена звезда. Но, судиите одлучија дека тоа е гол. Милан ги освои трите бода.