Падот на Асад донесе промена и во фудбалот: Репрезентацијата на Сирија ги смени боите

Еден ден откако досегашниот сириски претседател Башар Ал Асад избега од земјата, дојде до промена и во Фудбалскиот сојуз на Сирија.

Веднаш е сменето логото на Сојузот, а тоа носи и промена на боите на репрезентативните дресови. Место црвена, во иднина Сиријците ќе играат во зелена боја што наскоро ќе биде објавено и во ФИФА.

Фудбалската репрезентација на Сирија се наоѓа на 95. место на ФИФА листата. Има пет учества на Азиските првенства, но никогаш не играла на Мундијал.