Магичниот Дончиќ го прати камерманот по бурек, па погоди од – центар (ВИДЕО)
Магичниот кошаркар со ова ги надмина легендите Вилт Чемберлен и Џејмс Харден и сега самостојно го зазема седмото место на вечната листа на НБА за овој статистички учинок. Кајри Ирвинг придонесе со 29 поени и шест скока, додека Клеј Томпсон додаде 20 поени и пет скока за новата победа на Далас. За Торонто, Грејди Дик беше најефикасен со 27 поени.
Дончиќ блесна со неколку извонредни потези, од кои најмногу внимание привлече тројката од половина терен на крајот од втората четвртина. Дополнително, на социјалните мрежи се споделува комичен момент пред почетокот на натпреварот, кога Дончиќ успеа да го исфинтира камерманот. Камерата го следеше неговото шутирање тројки, но словенската ѕвезда искористи еден од своите шутеви за шега, додека топката прецизно завршуваше во кошот.