Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје славеа против Теодо во Тиват со 70-65 во петтото коло од АБА2-лигата, откако претходно ги загубија шансите за втората фаза од регионалното натпреварување.

МЗТ Скопје имаше моќен почеток на мечот и серија од 17-0, но црногорскиот претставник се враќаше во игра како минуваше времето и на полувремето намали на 35-45.

Теодо ја „топеше“ негативата зад македонскиот тим и го внесе натпреварот во неизвесна завршница, откако поведе со 57-56, меѓутоа МЗТ успеа да се соземе и славеше со 70-65.

Кусовац постигна 17 поени, два скокови и една асистенција за Теодо, додека Брендон Слеј беше најдобар кај МЗТ со 14 поени, три скокови и три асистенции.