Втор пораз за ракометарките: Едно полувреме беше премалку за изненадување против Унгарија

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да приреди изненадување и претрпе пораз во третото коло од Европското првенство против домаќинот Унгарија 29-19.

Едно одлично полувреме во кое бевме рамноправен ривал не беше доволно да се победи една силна селекција каква што имаат Унгарките.

Првите 30 минути донесоа максимално изедначена игра, а Македонија неколку пати имаше водство од еден гол предност, но кон средина на полувремето поведовме и со два гола разлика (8-6).

До паузата домашните ракометарки сепак се вратија и го преземаа водството, па на одмор тие заминаа со водство (10-11).

Во второто полувреме како да истрча друг состав на теренот, нашата игра беше непрепознатлива и тешко доаѓавме до прилика за гол. Првиот гол во второто полувреме го постигнавме дури во 37. минута. Унгарките во тој момент веќе имаа посериозна предност (11:16).

Продолжи подобрата игра на Унгарија и во наредниот период, па набрзо стигнаа и до двоцифрена разлика кога поведоа со 13-23. Тука веќе беше јасно кој ќе слави во натпреварот, па беше прашање само конечниот резултат.

Најефикасна во нашите редови беше Сара Ристовска, а четири постигна Марија Јанкуловска, додека за Унгарките шест постигна Нади Шолози-Шатз. За Македонија не помогнаа и одбраните на Петковска Драгана кои беа осум, една запиша и Мицевска.

Македонија Европското првенство го завршува со еден освоен бод од натпреварот против Турција во минатото коло (25:25), претходно во првиот натпревар бевме поразени од Шведска со 28-18.