Лоша вест за Аморим: За дербито со Арсенал неизвесен еден од највaжните во тимот

Maнчестер јунајтед викендов славеше победа над Евертон со 4-0 и ова беше прв триумф за Рубен Аморим во Премиер лигата како тренер на „црвените ѓаволи“, но време за славје премногу нема.

Веќе во среда Манчестер јунајтед и Аморим ги чека тежок испит против Арсенал, а за овој дуел тимот од „Олд Трафорд“ би можел да биде сериозно ослабен.

Имено, неизвеснен за настап против Арсенал е Португалецот Бруно Фернандеш кој против Евертон асистираше за два погодоци. Фернандеш е еден од најважните во тимот на Манчестер јунајтед, па сигурно дека  би било проблем да се надополни неговото отсуство.

Ќе потсетиме, Аморим веќе сигурно нема да може да смета на Коби Маино и Лисандро Мартинез кои ќе го пропуштат овој дуел поради жолти картони.