Стоилковска не успеа да се пласира во главната фаза на фјучерсот во Ортисеи
Во финалниот меч од квалификациите, Стоилковска беше поразена од Елена Бочи од Италија со 2-1 во сетови (4-6, 7-5, 10-8 на поени). Борбата на теренот траеше речиси два часа, а на крајот се радуваше Италијанката.
Добро тргна македонската тенисерка и го доби првиот сет со 6-4, но вториот лошо го започна и дозволи Бочи да поведе со 2-0. Успеа Стоилковска да се врати во игра и да изедначи 2-2, а потоа и да направи брејк за предност од 4-2.
До крајот на сетот италијанската тенисерка сепак не дозволи да биде поразена. Стоилковска испушти и меч топка на 5-3, а потоа сетот го доби домашната тенисерка со 7-5.
Решавачкиот сет се играше на пенали и тука нашата претставничка водеше со 7-6, но потоа Ортисеи освои три поени и си го трасираше патот кон конечен триумф.