Проблеми за Баерн: Кејн ќе паузира до крајот на декември
Тренерот на баварскиот гигант Винсент Компани соопшти дека Кејн ќе пропушти неколку натпревари на бундеслигашот.
Првиот меч кој ќе го пропушти е дуелот со Баер Леверкузен во германскиот Куп, а потоа нема да игра најверојатно ниту на дуелите со Хајденхајм, Мајнц, Лајпциг во Бундеслигата и со Шахтер во Лигата на шампиони.