Гвардиола не се предава: Сезоната е долга, има уште многу да се игра!

Манчестер сити вчера загуби на гостувањето кај Ливерпул со 0-2 во 13. коло од англиската Премиерлига, па сега има дури 11 бодови помалку од лидерот.

Тренерот Пеп Гвардиола доби голем број навреди од трибините и дел од навивачите му порачаа дека наскоро ќе добие отказ, но тој не планира да се предаде.

„Имавме голем број повреди, но свесни сме дека мора да се соочиме со тоа. Како тренер, седам тука и го бранам тоа што го постигнавме во минатото. Пред натпреварот кажав дека не сме во ситуација да размислуваме за нашите цели, но сезоната е долга и има за што да се бориме. Има уште многу да се игра до крајот“, кажа Гвардиола.

„Граѓаните“ по 13 одиграни кола се наоѓаат на петтото место во лигата со 23 освоени бодови.