Далиќ ја напушта хрватската репрезентација и го презема - Катар!?

Актуелниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ е пред договор со Фудбалската федерација на Катар и наскоро треба да го преземе националниот тим на оваа земја.

Ваква информација објави катарскиот портал Ал Раја, повикувајќи се на извори од Федерацијата, па дури и најави дека официјална потврда треба да се очекува многу брзо. На функцијата, Далиќ треба да го замени шпанскиот стручњак Феликс Санчез Лопез и да ја води репрезентацијата на Заливскиот купот кој се игра во Кувајт овој месец.

Сепак, ни од Далиќ, ни од Фудбалската федерација на Хрватска нема официјална потврда за вакво нешто. Искусниот стручњак кој ги оствари најголемите успеси во историјата на „коцкестите“ има договор до 2026 година и беше планирано да ја води репрезентацијата во финишот од Лигата на нации, квалификациите за Светското првенство и самиот Мундијал ако биде изборен пласман.

Тој е селектор на хрватската репрезентација од 2017 година, на Светското првенство во Русија го освои второто место, а четири години подоцна во Катар стигна до бронзениот медал.