Фиорентина излезе со соопштение за состојбата на Бове
Бове наеднаш се сруши на теренот, по што настана паника меѓу сите присутни на стадионот. Брзо му беше укажана медицинска помош и во безсознание беше пренесен во болница.
Фиорентина соопшти дека Бове е во стабилна состојба, но ќе остане да му бидат направени уште тестови.
„Фиорентина и Универзитетската болница Кареџи соопштуваат дека фудбалерот Едуардо Бове кој беше спасен на теренот по губењето на свеста на натпреварот Фиорентина и Интер, моментално е под фармаколошка седација и е хоспитализиран на интензивна нега. Бове пристигна во стабилни хемодинамски услови и првите кардиолошки и невролошки тестови што беа направени отфрлија актуно оштетување на цетнралниот неверн систем и кардио-респираторниот систем. Во наредните 24 часа ќе му бидат направени дополнителни тестови на Едуардо Бове во болницата“, стои во соопштението на Фиорентина.