Родри не се откажува: Ќе се вратам пред крајот на сезонава

На натпреварот против Арсенал во септември, шпанскиот репрезентативец Родри ги скина лигаментите на десното колено и информациите беа дека нема да се врати на терените до крајот на оваа година.

Неговото отсуство почна да се чувствува во Сити кој е во серија од шест натпревари без победа, но Родри верува дека ќе ги победи прогнозите и ќе се врати порано.

„Целта ми е да се вратам пред крајот, не се откажувам од оваа сезона, но и не сакам да направам некоја грешка. Целта ми е да паузирам најмногу 6-7 месеци“, рече Родри.

Сезоната во Премиер лигата завршува на 25 мај што значи дека до крајот има уште точно шест месеци. На 15 јуни почнува Светското клупско првенство и не е исклучено Родри да настапи на него.