Појако и од пресвртот на Феенорд: ПСВ губеше со 0-2 до 87. минута и сепак го победи Шахтер (ВИДЕО)

Само 24 часа откако Феенорд на магичен начин се спаси од пораз на гостувањето кај Манчестер Сити (3-3), уште поголем пресврт направи вториот холандски клуб во Лигата на шампионите, ПСВ.

Тимот од Ајндховен го пречека Шахтер, а се чинеше дека бодовите ќе ги освои украинскиот тим кој во првото полувреме дојде до водство од 2-0, благодарение на головите на Сикан и Зубков. Тој резултат остана на сила до 87. минута кога тргна големиот пресврт. Тилман со два гола до крајот на основниот дел се погрижи за израмнување, а Пепи во петтата минута од судиското продолжение ги постави конечните 3-2.

 

 

Со овој триумф ПСВ се врати во игра за пласман во плејофот бидејќи сега има осум бода, но во последните три кола гостува кај Брест и Црвена Звезда, а го пречекува Ливерпул.