Соиграч на Миовски го има промашувањето на сезоната во ЛШ! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Жирона за која од првата минута на теренот е Македонецот, Бојан Миовски пропуштија огромна прилика да дојдат до водство во натпреварот на гости против Штурм Граз.

Иван Мартин се најде во идеална прилика по додавањето на неговиот соиграч, но ужасно лошо реагираше и од само неколку метри го префрли голот.