Интер е единствен тим без примен гол по пет кола во ЛШ

Италијанскиот гигант Интер ја оствари четвртата победа во Лигата на шампиони (ЛШ) оваа сезона, откако вечерва со 1-0 го надигра Лајпциг, а интересно е тоа што калчолигашот е единствен тим без примен гол.

„Нераѕурите“ го почнаа елитното натпреварување со реми против англискиот шампион Манчестер сити (0-0), по што следеше убедливата победа против Црвена Звезда од 4-0, а потоа и три триумфи со по 1-0 против Јанг Бојс, Лајпциг и Арсенал.

Интер е прв на табелата по пет одиграни кола со 13 освоени бодови, односно еден повеќе од Барселона и Ливерпул.