„Александар велики“: Навивачите на Њукасл со моќна кореографија за својот миленик (ВИДЕО)

Навивачите на Њукасл во вчерашниот натпревар од Вест Хем во кој беа поразени (0-2) направија спектакуларна кореографија во чест на својот миленик, Александар Исак.

Шведскиот напаѓач се наоѓа на мета на бројни клубови и често е мета на трансфер шпекулации, а навивачите сега покажаа колку го ценат и почитуваат.

Пред да излезат фудбалерите на теренот низ целата трибина беше испишано неговото презиме и тоа во боите на Шведска. Исто така не заборавија да подигнат и знаме на Еритреја, земјата од каде што потекнуваат родителите на Исак.

Во редовите на Њукасл, Исак пристигна летото 2022 година и постигна 40 голови на 70 натпревари, оствари и седум асистенции.