Голманот на Тотнем против Манчестер сити бранел со - скршен зглоб!

Фудбалерите на Тотнем за викендот го декласираа Манчестер сити и славеа убедлив триумф на „Етихад“ со 0-4, а голманот на лондонскиот клуб, Викарио во овој дуел бранел повреден.

Манчестер сити е во криза и не му оди, па така ниту во ситуацијата кога италијанскиот чувар на мрежата бранел со скршен зглоб неговата мрежа остана недопрена.

Повредата на голманот ја потврди и Тотнем, а на Викарио по натпреварот му била извршена операција и сега го чека период на рехабилитација. Засега не е познато колку време ќе отсуствува од терените.