Ѓорческа обезбеди осминафинале на турнирот во Италија

Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога и славеше сигурна победа против претставничката од Словенија, Кристина Новак која е на 1006. позиција на ВТА ранг листата. (2-0).

Ѓорческа доминираше во текот на целиот меч и изгуби само три гема. Првиот сет Ѓорческа го доби 6-1, а вториот 6:2 за еден час и шест минути игра.

Турнирот во Италија се игра во сала, а Ѓорческа го стартува како 287 тенисерка на светската ранг листа. Во осминафиналето Ѓорческа ќе ја чека подобрата од мечот помеѓу Радванска и Британката, Бенкс.