Се враќа ЛШ: Во Минхен реприза на финалето од 2020!

По кратката пауза вечерва со натпреварите од 5. коло се враќа елитниот фудбал во Лигата на шампионите.

Дербито се игра во Минхен каде што се среќаваат финалистите од 2020 година, сезоната која беше завршена со турнирски систем поради коронавирусот. Баерн не блеска сезонава во Лигата на шампионите и по четири кола има само шест бодови, иако започна со оние неверојатни 9-2 против Динамо Загреб.

Но, ПСЖ е во уште потешка ситуација и Французите се со само четири освоени бодови со што сериозно си го доведуваат во прашање пласманот во следната рунда, посебно ако вечер не победата.

Баерн е домаќин, меѓутоа и поради подобрата форма ќе ја има улогата на фаворит, па на гостите ќе им биде потребно изненадување. Од споменатото финале во 2020 година кое заврши со победата на Германците, ПСЖ и Баерн се сретнаа уште четири пати и на три средби победи Баерн, а само еднаш ПСЖ.

Од останатите средби, Манчестер сити игра на домашен терен против Феенорд и во редовите на англискиот шампион веруваат дека ова е можност за прекинување на црната серија од пет порази во низа во сите натпреварувања.

Лајпциг на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој е повреден гостува во Италија кај Интер.

ЛШ 5. КОЛО:

Слован Братислава - Милан
Спарта Прага - Атлетико Мадрид
Баер Леверкузен - Салзбург
Баерн - ПСЖ
Интер - Лајпциг
Манчестер сити - Феенорд
Спортинг - Арсенал
Јанг Бојс - Аталанта