Поранешниот освојувач на Ју-Ес Опен: Не сум трчал пет години, се надевам некогаш ќе живеам без болки
Дел Потро некогаш беше трет тенисер во светот и го освои Ју-Ес Опен, но поради повредите не го исполни својот потенцијал. Сега ја отвори душата и зборуваше низ што се поминува.
„Не сум трчал од кога имав 31 година (сега има 36), не можам да шутнам топка, никогаш повторно не играв тенис како што треба. Станувам и веднаш пијам помеѓу шест и осум таблети против болки и уште едно за анексиозност. Се надевам дека еден ден сето ова ќе заврши и ќе живеам без болки“, изјави Аргентинецот.
И покрај големите проблеми Дел Потро е спремен да го одигра мечот против Ѓоковиќ.
„Започнав диета, вредно тренирам. Сакам да бидам во најдобра форма за тој меч, тоа е мое збогување со тенисот“, порача Дел Потро. Уште еднаш се заблагодари на Ѓоковиќ за се што направил за него.
„Ѓоковиќ беше многу великодушен и го прифати мојот повик. Сакам да му ја пружам секоја можна љубов. Ако барем еден час, два или три можам да бидам среќен и мирен на тенискиот терен ќе биде одлично“, додаде Дел Потро.
Кариерата Аргентинецот ја заврши во 2022 година, а мечот против Ѓоковиќ в недела ќе го одигра во Буенос Аирес.