Проблем за „модрите“: Македонецот ќе го пропушти дуелот со Борусија, неизвесен и за Хајдук!

Динамо Загреб се соочува со сериозни проблеми пред клучните натпревари против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите и дербито со Хајдук во домашното првенство, откако најнов удар за тимот е повредата на капитенот Аријан Адеми.

Тој сигурно нема да игра утре против „милионерите“ на домашен терен, а под знак прашалник е и неговиот настап во големото дерби против Хајдук, закажано за в недела во Сплит. Неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за тренерот Ненад Бјелица, кој веќе остана без Петар Сучиќ минатата седмица. Неизвесен е и Петар Мишиќ, што дополнително ја комплицира ситуацијата во средниот ред.

Бјелица ќе мора да импровизира во средниот ред, каде на располагање ги има само Батурина, Качавенда, Стојковиќ и Рог. Викендов, како привремено решение, во таа зона заигра и дефанзивецот Бернауер.