Револуција во фудбалот: Тренер првпат ќе носи микрофон за време на натпревар!

Тренерот на германскиот третолигаш Викторија Келн, Олаф Јансен, ќе стане првиот тренер во професионален фудбал кој ќе носи микрофон за време на натпревар.

Ова ќе се случи за време на натпреварот против Оснабрик, закажан за 8. декември. Тренерот на Викторија Келн ќе биде „озвучен“ и сите негови наредби, дискусии и разговори ќе бидат пренесувани со одложување. Преносот ќе биде достапен преку Магента Спорт, сервис во сопственост на Дојче Телеком.

Оваа практика е вообичаена во американските спортови како кошарка, американски фудбал и хокеј на мраз, но Јансен ќе биде првиот кој ќе ја применува во професионалниот фудбал.