Пластичен хирург го тужи Роналдо поради долг од 50.000 евра
Според информациите на „Сан“, Равиндран тврди дека Португалецот му останал должен за третмани направени во 2021 и 2022 година по неговото враќање во Манчестер јунајтед.
Специјализираниот доктор за Роналдо извршил услуги како ботокс, филери и подигнување на трепките. Равинран во судската форма не ја споменал партнерката на Роналдо, Георгина Родригез, но се изјаснил дека работел за Роналдо и целото негово семејство.
Медиумите пренесуваат и изјава од докторот.
„Правниот процес е во тек, а како професионалец не би можел да откривам детали околу моите пациенти. Се ќе знаете кога ќе дојде време за тоа“, изјавил Равиндран.
Како што е познато, Роналдо денес настапува во Саудиска Арабија во редовите на Ал Наср.