Општа тепачка на футсал меч во Нови Сад – летаа боксови на сите страни (ВИДЕО)

Голема мешаница и општа тепачка помеѓу фудбалерите го одбележа натпреварот на Нови Сад и зрењанински САС (2-2) од 10. коло на Првата футсал лига во Србија.

Инцидентот се случи на 30 секунди пред крајот, кога дојде до жесток конфликт меѓу играчите на двата тима. Судиската двојка се обиде да го смират хаосот, но ситуацијата ескалираше и продолжи и по завршувањето на натпреварот. Боксови летаа на сите страни, па само присебноста на тие што беа најмалку нервози спречи уште поголем хаос.

Нови Сад е на осмото место на табелата со 11 бодови, додека САС се наоѓа на последната позиција со само два освоени бода.

* инцидентот можете да го погледнете на 1:44:55 од видеото