Хрватот Бобан уште еднаш го победи Милан на суд
Бобан го тужеше Милан за оштета откако во 2020 година доби отказ по девет месеци поминати во клубот како спортски директор.
Судот во првичната постапка одлучи дека клубот мора вкупно на Бобан да му исплати 5.375.000 евра. Од тие 4.125.000 евра се како материјална штета, а 1.250.000 како нематеријална штета, плус камати и трошоци во износ од 51.450 евра.
Милан на таа одлука се жалеше и судот во втора постапка одлучи да ја намали казната на 4.2 милиони евра, па Бобан мораше да врати 1.2 милиони евра од сумата која му беше исплатена. Но, Хрватот не се откажа, па испрати нова желба и сега е пресудено во негова корист, па Милан одново ќе треба да му ги исплати тие 1.2 милиони евра.