НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

„Направи го вистинскиот избор“, ова е пораката која беше испратена од едукативната трибина во организација на Државна Видеолотарија на Македонија-Касинос Аустриа, Здружението на лекувани зависници на Македонија и Црвен крст на Град Скопје.

Со цел спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, Видеолотарија Касинос Австрија постојано нагласува и едуцира за важноста на одговорното играње. Играта е само забава и тоа мора да го сфати секој играч на игрите на среќа. Како општествено одговорна компанија, посветивме сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорно приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории.

Во склоп на нашиот проект „Играј одговорно“, се вклучивме во трибината посветена на превенцијата и зголемувањето на свесноста кај младите луѓе за опасноста и ризиците кои ги носат состојбите на зависности. Трибината се одржа во просториите на Кинотеката на РСМ.

Говорниците на трибината прим. д-р Павлина Васкова, спец. невропсихијатарка и д-р Оливера Суботин Поповска, психијатарка, инаку стручни лица со долгогодишно искуство во областа на психологијата и психијатријата, ги споделија своите сознанија и факти за проблематиката врзана со зависностите, и укажаа на важноста и потребата од заштита и едуцирање за оваа важна општествена тема.

На своја иницијатива, учество во трибината имаше и С.Г., поранешен зависник од игрите на среќа, апстинент, кој го сподели своето реално искуство, како и начинот на кој се справил со овој проблем.

Во трибината се вклучија и присутните, кои имаа можност да постават прашања и активно да дебатираат за оваа проблематика

Видеолотарија Касинос Аустриа, како и досега, ќе продолжи со вложување и соработка во насока на креирање на здрава средина за нашата младина. Вакви трибини ќе се реализираат и во другите градови, а веќе се отворени и три советувалишта. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории.

Видеолотарија Касинос Австрија од Европската асоцијација на лотарии, поседува сертификатот за одговорно приредување на игри на среќа, како компанија која долгорочно е насочена кон одржливо создавање и кофинансирање на спортски, образовни, културни и други програми со цел општествено придонесување, како и едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа. Ние секогаш нагласуваме дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.