Димитријевиќ за 11 минути даде 11 поени - нова победа на Милано во Евролигата!

По гостинскиот триумф кај Партизан, Милано дојде до уште една победа, овојпат на домашен терен го совлада Макаби Тел Авив со 98-86.

Нено Димитријевиќ не беше стартер на мечот, не доби и голема минутажа, но максимално ги искористи минутите кои ги помина на паркетот.

Македонецот одиграа 11 минути за кои даде 11 поени, имаше и по една асистенција и скок.

Најефикасен на мечот беше Ледеј со 22 поени, Миротиќ постигна 20. Кај Макаби Хард даде 20 поени.

За Милано ова беше петта победа оваа сезона во Евролигата. Трета на последните четири натпревари.