Естонија ја освои Полска, сега за пласман на ЕП ни треба чудо во Клаипеда!

Во неизвесен меч со драматична завршница Естонија со 82-78 победи на гостувањето кај Полска и ги сведе на теорија шансите на Македонија за пласман на Европското првенство.

Полска и Естонија се менуваа во водство во текот на натпреварот, ниту една селекција не успеа да направи двоцифрена разлика, во финишот Естонците подобро се снајдоа и дојдоа до посакуваната победа.

Тас со 19 поени беше најефикасен кај Естонија, повеќе од него постигна полскиот кошаркар Понитка, 23.

Ваквиот исход од натпреварот значи дека доколку во недела ние загубиме од Литванија и Естонија повторно ја победи Полска, Македонија ќе ги загуби и теоретските шанси за пласман на Европско првенство.