Сколс за настапот на Кејн: Ова е почетокот на неговиот крај
Напаѓачот на Баерн Минхен на 103 натпревари во дресот на „Гордиот Албион“ постигна 69 погодоци, но Пол Сколс смета дека не е далеку денот кога Кејн повеќе нема да игра за репрезентацијата.
Англија сезонава се натпреварува во лигата „Б“ од Лигата на Нации, а Кејн на овој собир одигра 24 минути во победата против Грција и цел натпревар против Ирска во кој се запиша и во листата на стрелци со гол од пенал.
Иако сезонава игра во добра форма и за Баерн за кој постигна 17 голови и запиша девет асистенции на 16 натпревари, Сколс смета дека 31-годишниот Кејн нема уште долго да биде репрезентативец на Англија.
„Мене ми изгледа како овие натпревари за Кејн да се почеток на неговиот крај. Мислам дека повеќе нема место во тимот. Кога ќе станете повозрасен чувствувате дека се околу вас се слуичува брзо, така ми изгледаше на теренот. Не знам кој ќе го замени“, изјави Сколс.