Чави и Маскерано во борба за кормилото на Интер Мајами

Аргентинскиот тренер Херардо Мартино си поднесе оставка од кормилото на Интер Мајами поради приватни проблеми кои не сакаше да ги открие во јавност, а за тренерското столче сега се борат Чави Ернандез и Хавиер Маскерано.

Екипата од МЛС-лигата ќе се потруди да ангажира уште еден поранешен член на Барселона, откако претходно договори неколку фудбалери меѓу кои се Луис Суарез, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Лионел Меси.

Шпанските медиуми пишуваат дека еден од кандидати за нов стратег е Чави, но во конкуренција се и Маскерано, Јоаким Лев, Франк Лампард, Јирген Клинсман и други.