„Меси е премногу заштитен на теренот, не смеете да го допрете со прст“

Аргентина славеше со 1-0 против Перу со голот на Лаутаро Мартинез во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП), а фудбалерот Пабло Гереро привлече внимание со интересна изјава за Лионел Меси.

Репрезентативецот на Перу смета дека судиите премногу го штитат легендарниот Аргентинецот и веднаш реагираат и при најмал контакт.

„Ако го допрете Меси со прст, судијата веднаш ќе досуди прекршок“, кажа Гереро по поразот на неговата селекција.

„Гаучосите“ по 12 одиграни кола се на првото место во квалификациите со 25 бодови, додека Перу е последен со само седум поени.