Македонија не може да смета и на Хап за дуелите со Литванија!
Од претходно се знаеше дека настапот на Хап е неизвесен, но надеж постоеше дека тој може да се опорави навреме.
Кошаркарот на Валенсија кој повеќе од три недели е во аут, пристигна во Скопје, во изминатите два дена беше на прегледи по кои беше заклучено дека нема да може да настапи на дуелите против Литванија.
Македонија нема да може да смета ниту на Ненад Димитријевиќ за првиот натпревар против Литванија, но тој би требало да настапи на реваншот. Париз не го пушти Ти Џеј Шортс, па нашата репрезентација ослабена ќе влезе во престојните мечеви.