Комити: Ни рекоа „или Миленко во Вардар или клубот нема да постои“!
„Комити“ со 15 отсто е малцински акционер во клубот преку здружението „35 години Вардарци Скопје“, а за ситуацијата информираше Милорад Миленковски.
„Средба со владата имавме на 10 јуни и ни кажаа дека имаат решение за Вардар, но треба да ги предадеме акциите. Инсистираа Миленко Неделковски да биде извршен директор. Ние не прифативме, но на 3 јули бевме принудени да му дадеме рака на Миленко и да ги задржиме 15 отсто од акциите. Договорот со Атила Жалили се завери на 10 октомвори и на 11 ноември како што Миленко милува да каже во 11 часот и 11 минути се одржани Собрание на кое се потврдија промените. Еден извршен член е поставен од Атила Жилали и тоа е Миленко Неделковски, тука се уште три неизвршени членови од нивна страна и еден неизвршен член од наша страна. Немаме стереотипи, но кажавме дека Миленко не е достоен за да биде во клубот. На состанокот со претставник од Владата ни беше кажано ‘или Миленко во Вардар или клубот нема да постои’“, вели Миленковски.
Вардар во моментов, по 14 одиграни кола, е на 11. место во Првата лига со само 11 освоени бодови, односно еден повеќе од последнопласираниот Тиквеш.